По сторијата на Телма – Ќе се засилува тимот што одлучува за помилувања на осудените
Член на Хелсиншкиот комитет и уште еден независен експерт ќе го засилат тимот што одлучува кој ќе биде помилуван. Ваква одлука донел претседателот Иванов откакоТелма истражуваше кој се добил помилување. На овој начин се обидува да ги смири страстите после реакциите за последните помилувања кои се најбројни до сега а во нив има и помилувани за дела како што се убијци соучесници лихвари подмитени инспектрои и шумари. Од хелсиншкиот комитет ја прифаќаат понудата ама велат дека ќе предложат промена на законот за помилување.
Според сегашниот закон не е дозволено помилување на педофили, нарушувачи на изборен процес, дилери на дрога. Но тој дозволува ако еден човек лежи затвор и за силување и за кражба да биде помилуван за полесното дело.
– Доколку експертската јавност смета дека има одредени недостатоци во законот тогаш ние би прифатиле тој да биде изменет. Со постоечкиот се остава простор за помилување на лица за кражба кои се поранешни педофили или силувачи, но тоа до сега не се случило, велат од Комисија за помилување.
Од Хелсиншкиот велат дека со ова со право се јавува револт кај затворениците.
174 за нова година и 33 на почетокот на декември помилувал претседателот што е најголема бројка до сега. Листата ја добиваат од затворите, а годинава била најдолга. Од најголемиот затвор Идризово пак велат дека како и секоја година предложиле 150 тина, ама овој пат Иванов бил најмилозлив. Ветија дека ќе ги испратат делата за кои се осудени помилуваните, но тоа не го сторија. Ниту од кабинетот на Иванов не ги откриваат делата. Затворениците и понатаму бараат закон за амнестија и поради ова во среда ќе протестираат.
Инаку на истражувањето на Телма Реагира и адвокатот на словенечкиот државјанин за кого телма објави дека е помилуван. Вели дека за помилувањето нема ништо спорно а се поминати сите фази на постапката. Ова го потврдуваат и од кабинетот на претседателот.
Извор: Телма