Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози
Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Кичево – Гостивар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.