Вчера влегле 729 бегалци во Македонија
Објавено на 18 јануари, 2016 во 10:23
Полицијата извести дека вчера во земјава влегле 729 бегалци, од кои 327 се од машки пол, 138 се од женски, 263 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патувало без родител. По нивно барање, граничните власти им издале потврда за побаран азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-360, Авганистан–319 и Ирак-50.
Извор: Плусинфо.мк