Безбедносно разузнувачките служби мора да дадат отчет за работата
Безбедносните и разузнавачки служби што не се предмет на отчетност се неприфатливи во една модерна демократија, а подобрена внатрешна и надворешна контрола на разузнавачките активности е клучна во придонесот кон потребните промени во организациската култура на службите, пишува Нова.
Ова е дел од резимето на експертско-комисиски расправи одржани меѓу Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање, заедно со Центарот за безбедност, развој и правда (ДКАФ) кое денеска беше презентирано во Собранието.
Дискусиите на пратениците – членови на комисиите за надзор и експертите на ДКАФ кои се одржале во три продолженија се однесувале на ефективна имплементација на Законот за следење на комуникации, воведување единствен закон кој би се однесувал на сите безбедносни и разузнавачки служби и процедурите на нивен надзор и друг посебен закон што би се однесувал на сите посебни истражни мерки што користат разузнавачките агенции.
Според Извештајот на ДКАФ, голема е важноста од потребата за јасна правна рамка за работата на службите и во делот на тоа како ги собираат, задржуваат и споделуваат информациите и тоа дека е единиците во рамките на службите мора да се осигураат дека информациите кои ги поседуваат се добиени на законски начин, за што треба да постои и запис.
-Овој извештај се јавува како резултат на трите посебни и конкретни експертски состаноци кои се организирани од ДКАФ со двете комисии за надзорот врз разузнавањето. Препораките во однос на законодавството, законите треба да воспостават јасен мандат и овластувања на службите и процедури за авторизација на следење. Законот исто така треба да воспостави мандат и точни овластувања на телата за надзор. Јасноста за тоа кој и што се контролира од страна на комисиите е од клучно значење, треба да се избегне дуплирање со другите тела како што е Народниот правобранител итн. Треба да се воведе тројна заштита за законитоста и пропорционалноста на следење на комуникации пред да се издаде налог, рече експертот Марк Ремилард од Центарот за контрола на вооружените сили (ДКАФ).
Текстот во целост прочитај го тука.