Минусни температури и утрово во Македонија
Објавено на 25 јануари, 2016 во 09:44
Во Маврово, Берово и Лазарополе утрово се измерени најниски температури од минус 11 и минус 10, над нулата е измерена температура само во Гевгелија – еден степен.
Утрово во Дебар се измерени – 9 степени, -7 во Пожаране, Пожар и Тетово, – 6 во Струмица, Битола, Тополчани, Крива Паланка, – 5 во Ѓуриште, Крушево, Охрид и Виница, – 4 во Прилеп, Претор и Штип, – 3 во Скопје, Кавадарци, Куманово, – 2 во Дојран, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид.
Снег најмногу од 32 сантиметри има во Маврово, 24 во Лазарополе, 14 Крушево, Пожаране, 13 Ѓуриште,12 Берово, 10 Пожар, 8 Тетово, 6 Битола, 5 Тополчани, Штип, 3 Струмица и еден сантиметар во Крива Паланка.