Започнува екстерното тестирање за средношколците
Денеска во средните училишта започнува екстерно тестирање на учениците во завршните години во средно образование, што ќе трае до 29 јануари.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестирањето пријавени се 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета.
Прелиминарните резултати ДИЦ ќе ги објави на 8 февруари. Од 8 до 10 февруари ќе трае поднесувањето приговори.
Екстерното тестирање е за учениците од 4. одделение во односно до трета година средно образование. Матурантите полагаат на полугодие, а оценките влијаат врз конечниот успех на учениците
Од самото воведување на ова тестирање, учениците и родителите имаа забелешки на целиот концепт. Повеќепати беа организирани и граѓански протести, преку тнр.
Наставнички, Средношколски и Родителски пленуми кои јавно изразија незадоволство од реформите во образованието, особено од екстерното тестирање.
Извор: Новатв.мк