Падна системот за полагање екстерни тестови
Од утрово системот за екстерно тестирање падна, па повеќе од два часа матурантите чекаат во училиштата за да го полагаат тестот. Оваа информација за Телма ја потврдуваат дел од директорите во скопските училишта од каде велат дека се очекува електронскиот систем да се покрене за да може да се спроведе тестот, јави Телма.
Во меѓувреме до редакцијата на Телма реагираа родители кои се зачудени зошто нивните деца се држат толку долго време во училиштата иако нема услови за полагање. Само во оние училишта каде има добар интернет започна да се спроведува екстерното тестирање, но и таму со задоцнување.
Инаку Според податоците на Државниот испитен центар, за тестирањето пријавени се 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета. Полагањето се одвива до 29 февруари.
Извор: Телма