Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим обвинители побарале зголемено обезбедување по вчерашното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое, меѓу другото, остро ја нападна Јанева, информираат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка.
„Во однос на јавното обраќање на претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да искажеме дека како јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова јавно обвинителство одлучи да ги зголеми мерките за безбедност. Во оваа насока појаснуваме дека од Министерството за внатрешни работи е побарано да бидат доделени на работа на ова јавно обвинителство лица кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители“, стои во одговорот од СЈО на нашето барање за коментар на вчерашната изјава на Груевски.
Извор: Локално.мк