Катица Јанева на отчет за сработеното
Објавено на 26 јануари, 2016 во 08:42
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска би требало да се појави на седницата на Советот на јавни обвинители и да даде отчет за сработеното.
Советот на затворена седница ќе расправа за стручноста на специјалната обвинителка Kатица Јанева и за тоа како постапила таа во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември.