МТСП: Последен рок за фондот за ПИОМ
Дали Министерството за труд ке поднесе кривична или прекршочна пријава против државниот фонд за ПИОМ ке се знае денеска.
Истекува последниот рок што министерката Фросина Ременски Ташевска му го даде на раководството за да ги достават податоците за работењето на ПИОП во последните 4 години особено во делот на обврските кон приватните пензиски друштва и од каде фондот го исплати долгот од 11,3 милиони евра.
Ова пролонгирање е шанса рече Ременска, зашто кога ке се вкалкулира ризикот дека некој е спремен да плати 20 000 евра глоба за неисполнување на законска обврска,може му одговара на некој во ПИОМ но не и на јавноста.Според неа ПИОМ веќе има минус во буџетот,односно за само 15 дена дупката во фондот е подлабока за 7 милиони евра.
Пред два дена за состојбите во пензискиот систем се заинтересираа и претставници на ММФ.
Монетарците побарале да се следи укажувањето од последниот извештај на Светска банка во кој пишува дека на државниот фонд му требаат реформи за финансиска стабилност и одржливост.
Мнистертсвото за труд пред неколку недели формираше комисија со обрвска да ја следи работата и законитоста во постапувањето на Фондот но во неколку наврати беше попречена да го извршува надзорот што според Ременска повлекува кривична одговорност .
Од Фондот за ПИОМ пред 10 дена одговорија дека се создава вештачка криза базирана на невистини и дека сите барани податоци ги доставиле до Министерството за труд. За проблемот јавноста дозна на крајот од минатата година кога приватните пензиски друштва обелоденија дека со месеци им доцни уплатата на придоенсите за околу 400 000 нивни членови.
Раководството на ПИОМ прво негираше но потоа вината ја префрли на МАПАС и на компаниите кои според нив не вршеле навремена уплата на придонесите.Долгот од 11,3 милиони евра беше исплатен преку нок но ПИОМ не откри од каде ги најде парите.
Извор: Локално.мк