Временска прогноза
Објавено на 2 февруари, 2016 во 06:22
До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време со утринска магла по одделни котлини.
Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег.
Денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата до 18 степени.