Почна со работа нова телевизија – ТВ Нова
Објавено на 2 февруари, 2016 во 09:00
Во македонскиот етер од синоќа почна да зрачи нова телевизија – ТВ Нова. Станува збор за телевизија која ќе биде информативна, главниот производ ќе бидат вестите кои ќе се емитуваат во текот на целиот ден, а на неа ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати.
„Станува збор за нов медиум опремен со најсофистицирана телевизиска опрема и новинарски кадар составен од искусни професионалци и млади новинари“, вели главната и одговорна уредничка Билјана Василева-Трендафилова.
Одговорните лица на ТВ Нова велат дека од технички аспект, оваа телевизија ќе биде една од најмодерните во Македонија.
Заменици на Трендафилова се Љубиша Николовски, Анита Петровска и Гоце Михајлоски.