ВМРО ДПМНЕ го одби предлогот на СДСМ – нема договор за медиумите
И оваа рунда преговори за медиумските реформи не успеа. Тврди позиции на власта – без попуштање. Работната група за спроведување на Договорот од Пржино и овојпат не успеа да се договори за законот за медиумите. Предлогот на СДСМ кој претходно беше ставен на маса, ВМРО-ДПМНЕ го одби.
За владејачката партија овој предлог закон СДСМ е фрапантно лош закон, кој бил против Уставот. ВМРО-ДПМНЕ смета дека постоечкиот закон е добра основа за регулација на медиумите, а доколку СДСМ тоа не го прифати, тогаш тие се подготвени да им понудат да ги пресликаат законите од земјите од ЕУ кои ја уредуваат оваа сфера.
За СДСМ пак, предлог-законот кој тие го понудија е нивната црвена линија и од тоа нема отстапувања, до толку повеќе што тие се повикуваат на експертската јавност и на медиумската заедница.
На своја епсертска јавност и асоцијацијата МАН се повикува и ВМРО ДПМНЕ, кои не прифаќаат таков тип на регулација, каде според нив тие слободно не ќе можат да коментираат и да треба на таков начин да имаат балансирано известување.
Питер Ван Хојте бара компромис од партиите за регулација на медумската сфера
Посредникот Питер Ванхојте рече дека потребен е нов закон кој нема да биде копија од друга земја.
-Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа, рече Ванхојте.