ЗНМ: Новинарска етика не се регулира со закон
„ Силно ја осудуваме хајката и црната кампања во медиумите против европскиот посредник Питер Ван Хауте во врска со последните предлози на СДСМ за медиумски реформи.
Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не помага да се најде квалитетно решение за медиумските реформи. Со лаги и подметнувања двете партии не можат да ја сокријат нивната одбивност кон вистински рефоми во медиумите.
Уште еднаш повторуваме дека предлогот на СДСМ, кој беше доставен неделава во битни делови се разликува од предлогот на посредникот Ван Хауте. СДСМ нивните лоши идеи за медиумите сака да ги препише на посредникот. Според нас, ваквото подметнување го покажува неискрениот однос на СДСМ за вистински реформи во медиумите.
Одлучно сме против идејата на СДСМ новинарска етика да се регулира со закон. Да се казнуваат медиумите со глоби за прекршување на новинарската етика, е недeмократска практика. Во демократски земји примената на професионалните стандарди се регулира со саморегулација во медиумите,“ изјави денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.