Обвинение за полицаец кој малтретирал сведоци за Јанева
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службеното лице од МВР, јави Телма.
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп на едно лице, а со цел да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.
Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци од член 368-а, ст. 1 Кривичниот законик„, стои во соопштението на Јавното обвинителство.