Временска прогноза
Објавено на 9 февруари, 2016 во 06:31
Денеска ќе се задржи сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 14 степени.
Во среда попладне под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, кои позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.