Доживотен затвор за Дрпљанин
Објавено на 10 февруари, 2016 во 14:06
Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин, обвинет за убиството на полицаецот Африм Арифи во нападот врз патролата на припадниците на мобилната единица „Алфа“, кај природно-математичкиот факултет во Скопје во ноември 2008 година. Во нападпт беа тешко повредени уште двајца полицајци. За случајот Дрпљанин, претходно во отсуство, беше осуден на доживотен затвор во 2010-та.
Триесет и петгодишниот Дрпљанин беше уапсен летото 2012 година во Урошевац, на Косово. По него беа распишани неколку меѓународни и национални потерници за тешки кривични дела извршени во Македонија. Во земјава беше екстрадиран од косовскиот затвор Дубрава, лани во јануа