Љубе Бошкоски на распит кај Катица Јанева
Објавено на 15 февруари, 2016 во 12:34
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 13 часот треба да се појави на распит кај Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, објавија некои медиуми.
Не е познато, дали Бошкоски ќе одговара за предметот „Кампања“ или за предметот “Ровер“, за кој Јанева треба да се изјасни дали ќе го превземе овој случај.
СЈО, претходно го имаше побарано случајот „Кампања“ ,а на Љубе Бошкоски му преостануваат уште три месеци одлежување на затворската казна во „Идризово“ во врска со овој случај.
Извор:Телма