Четворицата лидери ќе се сретнат со Хан во Брисел ?
Објавено на 16 февруари, 2016 во 08:55
До крајот на неделава четворицата партиски лидери ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, но во Брисел, дознава Алсат-М.
Оваа информација нема официјална потврда и се уште останува очекувањето Хан да пристигне во Македонија в петок, иако Европската комисија рече дека сé уште во неговата агенда до 19 февруари нема впишано посета на Скопје.
Според првичните сознанија на Плусинфо, во СДСМ засега нема официјална најава дека средбата на партиските лидери со Хан би можела да се одржи во Брисел.
Извор: Плусинфо