Републичкиот Црвен крст со поддршка на мигрантите
Црвениот крст на република Македонија продолжува со поддршката на мигрантите и бегалците. На двата гранични премини во гевгелија и табановце, со 11 мобилни тима е дваесет и четири часа на терен. За само една недела дистрибуираше 5.061 шишиња за вода за пиење, 892 пакети со прехрамбени продукти , 1025 пакети со хигиенски средства, 2.260 мантили за дожд, 2.557 комплети шал, капа и ракавици, 1.072 јакни, 760 чизми. 1.256 ќебиња а прва помош им укажа на 2.300 лица.
Тимовите кои им помагаат на бегалците на терен се составени од вработени, лекари, членови и волонтери на Црвен крст, обучени за работа во Службата за барање на исчезнати лица. Помошта кон бегалците кои транзитираат низ Македонија, Републичкиот Црвен крст ја реализира во соработка со Високиот комесеријат за бегалци (УНХЦР) и меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.