Денеска сонце во четврток дожд
Објавено на 17 февруари, 2016 во 06:40
И денеска ќе се задржи стабилно и многу топло за овој период од годината со умерен јужен ветер. Максималната температура до 23 степени.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу 6 степени.
Потоа ќе преовладува стабилно и релативно топло време, освен во сабота навечер кога ќе има услови за локален дожд.