Прекини на сообраќајот на автопатот Кичево – Охрид
Објавено на 17 февруари, 2016 во 08:20
Од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути денеска повремено ќе има прекини на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Врбјани.
Прекинот на сообраќајот е поради изведување на градежни работи (минирање).