ДИК од денеска почнува со прочистување на Избирачкиот список
Објавено на 17 февруари, 2016 во 09:01
Од денеска државната изборна комисија ќе ја започне постапката за прочистување на избирачкиот список. Истата се очекува да трае три дена, но потоа, како што сооштуваат од Државната изборна комисија, ќе започне проверката на терен.
Причината за доцнење со постапката е поради унифицирање на податоците од другите институции.
Инаку, во моментот во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи. Но, по прочистувањето на списокот ќе се знае точната бројка.
Освен Државната изборна комисија, и граѓаните преку официјалната страна на Комисијата, ќе можат да си ги проверат своите податоци.