Сите „пациенти“ на Катица Јанева по „Титаник“
Освен случаите: “Титаник“, “Пуч“, “Нешковски“, “Монструм“ и “Космос“, како имиња на досиеа кои можат да влезат во истражна постапка од страна на јавното обвинителство се и слуачите: “Прислушувани новинари“, “Надеж“, “Маѓар Телеком“, “Ровер“ и “А1“. За дел од нив, односно за “Маѓар Телеком“ и за “Надеж“, специјалното јавно обвинителство веќе најави отворена предистражна постапка. Неодамна обвинителката Јанева изјави, односно потврди дека до неа се пристигнати барања и за преземање на предметите за случајот Диво Насеље, Монструм, Сопот и Ровер, но тие, како што рече се во фаза на разгледување, пишува Фактор.
Специјалното јавно обвинителство досега се прогласи за надлежно за 36 предмети. Во оваа анализа“Фактор“ ги одвојува следниве случаи, дел од нив беа дел од веќе објавените прислушуавни материјали.
Случај “Прислушувани новинари“
Четвртата “политичка бомба“ што ја објави опозициската СДСМ укажуваше на голем медоимски скандал во кој според партијата, макеоднските власти без основ прислушувале 100 новинари. Дел од прислушуваните новинари меѓу кои уредници и новинари: Јадранка Костова, Билјана Секуловска-Ива, Борјан Јовановски, Мери Јордановска, Анета Додевска, Оливера Трајковска, Сашка Цветковска, Младен Чадиковски, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Мухамед Зекири и други освен што биле прислушувани, според СДСМ за нив УБК правела извештаи за активностите. Новинарите најавија тужба. На овој скандал реагираа, меѓудругото регираше и Европската федерација на новинари (EFJ) која изрази сериозна загриженост за јавно објавените обвинувања за масовно и неовластено следење на новинарите и граѓаните.
“Ова нарушување на приватноста директно влијае врз слободата на медиумите во Македонија, разгорувајќи клима на страв и автоцензура. Ако се потврдат обвинувањата, тогаш македонските власти очигледно го прекршиле правото на новинарите да ги заштитат своите извори “, рече Могенс Бличер Бјерегард, претседател на Европската федерација на новинари.
Досието “Прислушувани новинари“ е во кривична постапка пред Специјалното јавно обвинителство.
Случај “Надеж“
Еден од слуачите за кои Специјалното јавно обвинителство најави дека отворило предистражана постапка е досието “Надеж“. Овој случајот се отвори, односно стана актуелен во 2011 година, непосредно во периодот на предвремените парламентарни избори. Иницијатива до Обвинителството потегна Антикорупциска комисија, која побара од органот на прогонот да утврди кривична одговорност за поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, и за членови на неговиот кабинет.
Случајот практично го отвори актутелната владеачка гарнитура, односно според сознанијата во овој случај се работело за противзаконски и ненаменски потрошени 340 000 евра за консултантски услуги за тројца словенечки експерти, кои биле задолжени да изработат проект за подобрување на комуникациските способности на кабинетот. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше дека не станува збор за испорачување ваков вид услуги, туку дека во прашање била стратегија наменета за соборување на власта.
Опозициската СДСМ застана во одбрана на својот лидер и целиот случај го окарактеризираа како испродуцирана афера која требало да биде употребена во немилосрдна борба за дискредитација на Црвенковски. Овој случај доби и меѓународни размери, односно се спомена и името на тогашниот словенечки премиер, Борут Пахор, кој наводно му ги препорачал тројцата експерти на Црвенковски. Но, од кабинетот на Пахор експресно беа демантирани ваквите тврдења, по што Црвенковски во писмо му се извини на словенечкиот колега.
Случај “Маѓар телеком“
Уште еден случај за кој Специјалното јавно обвинителство отвори предистражана постапка е предметот “Маѓар Телеком“. Тимот на Катица Јанева веќе го побарало досието од Обвинителството за организиран криминал. Овој случај, кој остана “пломбиран“ во фиоките на домашните институиции, дочека “бел ден“ во Америка, каде Њујоршкиот суд врз основа на сведочење на екс разузнавачотСлободан Богоевски, го отвори случајот а ФБИ поднела обвиненија за инволвираните во аферата.
Во Македонија како осомничени се посочуваат поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на албанската партија на власт, Али Ахмети и вицепремерот Муса Џафери. Сите осомничени, дома и во странство, се теретат за повеќе кривични дела како организиран криминал, корупција, злоупотреба на функцијата а во земјава се посочува и наводно примање поткуп за да се продолжи монополот на Македонски Телеком.
Случај “Ровер“
Еден од случаите кои во јавноста беше оценет како “политички монтиран“ е “Ровер“ во кој како обвинет е и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски. Последното судско рочиште беше одложено со образложение дека судот ја чекал одлуката на Специјалното јавно обвинителство околу преземањето на предметот. Бошкоски на последното рочиште, на 5 декември минатата година, презентираше транскрипти и други материјали за кои тврди дека содржат разговори што докажуваат дека неговото апсење за случајот „Ровер“ било наместено. Тој тогаш најави дека преку неговиот адвокат, материјалите ќе ги достави до специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Убиство и помагање на убиство – се делата за кои се товарат десетмината обвинети. Од нив, според обвинителството, тројца се директни извршители на двојното убиство, а останатите помогнале за да се случи. Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи е седмообвинет. Тој се товари за помагање на убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него.
Доколку обвинителката Јанева одлучи да го отвори и овој случај, тогаш судскиот процес повторно ќе почне од почеток.
На следниот линк прочитајте за “Пуч“, “Нешковски“, “Монструм“ и “Космос
Извор: Фактор