Денеска одговор по жалбите, но само за Јанакиевски и Темелко ?
Денеска околу 13 часот како што информират од Основниот суд Скопје 1 се очекува да има информација околу тоа дали се прифатени или одбиени жалбите на Специјалното јавно обвинителство во врска со мерката притвор што го бара за осомничените во случајот Титаник.
Но од Судот утрово објаснуваат дека денес се очекува да има одговор само на првите жалби за Миле Јанакиевски, Едмонд Темелко и уште две други лица, а не за сите како што најавија завчера.
Завчера од Судот објаснија рече дека рокот од 48 часа во кој треба да одлучат по жалбите на СЈО почнал да тече откако ги добиле сите жалби девет жалби за истиот предметот.
Во втората група се жалбите на СЈО за поранешната министерка Гордана Јанкуловска, генералниот секретар на владата Кирил Божиновски кои исказ дадоа во поденелник, по што во вторникот СЈО ги поднесе жалбите.
Првата група осомничен исказ во Кривичниот совет дадоа во петокот, а приговорите од Јо беа поднесени во саботата вечерта.
Од СЈО реагираа дека рокот за одговор на жалбата е многу јасно прецизиран во законот, односно тој тече од моментот кофа жалбите ќе бидат поднесени, но не сакаат да коментираат зошто Судот поинаку ги толкува роковоите..
За првата група осомничени до утрово се поминати повеќе од четири дена откако жалбите се поднесени, а за втората група два дена од поднесувањето на жалбите на СЈО.
Извор: А1.он.