Вајгл: Имавме конструктивна средба со Заев
Објавено на 23 февруари, 2016 во 15:14
Денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговиот тим мина во многу добра и конструктивна амтосфера, кратко изјави по средбата европратеникот Иво Вајгл, кој придружуван од своите колеги Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска имаат одвоени средбо со сите лидери на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино.
Бриселската тројка денеска се обидува да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Нивната посета следи само два дена откако ЕУ и САД оценија дека засега не се создадени услови за одржување избори на 24 април и по ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествуваат на преговори на кои ќе посредува белгискиот експерт Питер Ванхауте.
Извор: Плусинфо.мк