Груевски; „На секој човек му е јасно зошто прифативме мало поместување“
„Во овој момент, постигнати се сите потребни услови за одржување фер и демократски избори на 24 април. Тоа му е јасно на секој човек, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори, како што му се јасни причините за проценката на ЕУ и САД, и како што се јасни причините зошто прифативме мало поместување. Одлуката беше во наши раце, но и одговорноста која ја носиме за државата и народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во обраќањето кое доцнеше скоро час и половина, беше најавено многу пред обраќањето на Заев, а се случи по него.
„По долги анализи и консултации, ИК донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24 април за 5 јуни со цел, не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани, но и злоупотребени од сите кои не и сакаат добро на Македонија и не сакаат да одиме напред.
Претставниците на ЕУ и САД не убедија во 4 работи:
Прво, дека ова ќе е единствено пролонгирање и нема да има друго барање за одложување.
Второ, дека до изборите на 5 јуни нема да има разни преговори бидејќи ДИК ќе има доволно време да ја заврши работата со прочистувањето на избирачкиот список.
Трето, дека нема да има никакви нови услови за изборите на 5 јуни, вклучувајќи го и законот за медиумите.
Четврто, нема да има нови проценки дали земјата е подготвена или не.
Додатно, добивме уште едно цврсто уверување од Ахмети, дека стојат цврство за одлуката за . Државата не може да е заложник на една партија, во случајот СДСМ. Им даваме последна шанса на СДСМ да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот.
На оние кои сметаат дека напраивме премногу компромиси, попуштањето се должи исклучиво во вербата во народот.
Дневните силења ќе завршат на 5 јуни. Заев, ајде, соочи храброст и соочи се со народот, наместо да се обиколуваш со луѓе кои те поддржуваат во се. До 5 јуни можете да зборувате и да глумите се, па дури и победници. На 5 јуни ќе се срамите од самите себе, ќе видите кој е победникот а кој поразениот“, рече Груевски.