Рекордерот на напишани преставки се чуди на одлуката на Уставен
На рекордерот по напишани преставки до уставниот суд Стамен Филипов никогаш не би му паднало на памет да го оспори законот за помилување, јави Телма.
Го прочитал уште во 2009 та ама сега е зачуден и на иницијативата и на брзината на одлуката и на самата одлука.
И голем дел од граѓаните се згрозени. Не се согласуваат со одлуката на уставен.
Поради одлуката уставниот суд да го преиспитува законот за помилување со што би се укинале деловите каде се забранува ослободување на педофили дилери на дрога и учесници во изборни нерегуларности веќе неколку вечери се протестира. Во знак на револт Активисти ја гранатираа со јајца зградата на уставниот.
До сега на одлуката на уставниот суд јавно се спротивставија многу професори, поранешни судии и академици. За академик Владо Камбовски уставниот суд изврши државен удар додека академик Катица Ќулавкова јавно повика Претседателот Ѓорѓе Иванов да го осуди ваквото однесување на уставните судии. Од кабинетот на претседателот за сега немаат став.