Струмичани му оддадоа почит на претседателот Борис Трајковски
Струмичани му оддадоа почит на трагично загинатиот претседател, Борис Трајковски кој пред 12 години на денешен ден загина во авионската несреќа кај Мостар во Босна, јави Канал 77.
Голем број граѓани се собраа пред споменикот Македонија во големиот градски парк подигнат во негова чест.
„Трајковски беше човек кој неизмерно го сакаше својот народ, но и својата држава а то го покажа честопати“, истакна претседателот на Советот, Јосиф Христов.
Од денешна дистанца се гледа дека Трајковски бил вистински лидер, човек кој беше за својот народ, човек кој им пркосеше на сите ставајки ги своите сограѓани на прво место – коментираа стурмичани сеќавајки се на Борис.
Пред споменикот Макеоднија во Струмица свежо цвеќе положија неговите најблиски, преставници од општината политичките партии и повеке институции. Членовите од Домот за деца „Благој Мучето“ рецитираа за Трајковски, додека пак ОК на ВМРО ДПМНЕ засади дрвце во чест на Трајквоски во градскиот парк.