Хојт Ји од Стејт Департментот во четврток доаѓа во Македонија
Објавено на 1 март, 2016 во 09:02
Во четврток, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД, Хојт Ји, ќе дојде во Македонија. Тема на неговите средби со македонските политичари ќе биде исполнување на договореното во Пржино и за подготовките за спроведување на изборите, објави Алсат-М.
Оваа информација за Алсат М официјално ја потврдија од американската амбасада во Скопје. Инаку, Ји е дел од тимот на Викторија Нуланд, која активно беше вклучена во разрешување на кризата во Македонија.