Временска прогноза
Објавено на 2 март, 2016 во 06:44
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток, кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе има опаѓање на температурата за неколку степени.
Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Денеска ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата до 16 степени.