Фиат Цаноски во Топ тема: Им посакувам господ да им пресуди за нечовечноста за Космос
Објавено на 4 март, 2016 во 07:44
Откако лидерот на ДУИ Али Ахмети беше повикан на разговор во Специјалното обвинителство во својство на сведок за случајот Космос, токму сопственикот на сега разрушениот објект Фиат Цаноски, вечерва гостуваше во Топ тема на Телма, потсетувајќи се уривањето на Космос. Цаноски вели :
– Гледајќи ги сега снимките ми се враќаат чувствата, секако дека гнев постои, но јас не сум осветољубив, затоа им посакувам Господ да им пресуди на сите нив, а сигурен сум и дека народот ќе им пресуди на следните избори.
Видеото со Фиат Цановски и одговорот на новинарско прашање во Топ тема погледнете го на ово линк https://www.youtube.com/watch?v=1OpJPQ7Ku68