ЗНМ: ДУИ да престане со заканите кон Зекири
Остра осуда денеска пристигна од Здружението на новинарите на Македонија за притисоците и заканите од претставници на ДУИ врз новинарот, Мухамед Зекири од ТВ Шења.
„Со закани и притисоци врз новинарите Македонија нема да се извлече од групата на африкански земји каде масовно се кршат медиумските слободи. Крајно лицемерно е ДУИ да ја убедува јавноста дека медиумите на албански јазик се послободни благодарение на нивното одговорно однесување како владејачка партија, а во исто време нивните челници се закануваат на новинарите.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети како потписник на договорот од Пржино се обврза за поголема слобода на медиумите. Крајно е неодговорно лидер на партија да не го почитува сопствениот потпис“, се наведува во соопштението.
ЗНМ ги повика челниците на ДУИ веднаш да престанат со притисоците врз новинарот Зекири, и истаклнува дека во спротивно ќе бидат принудени да разгледат други правни чекори за заштита на колегите.