Нови злоупотреби на субвенции и доделување на земјоделско земјиште
Фирмата Корал сопственост на сопругата на градоначалникот на Демир Капија Виолета Димитриева уште во 1998 година склучила договор со министерството за земјоделие за закуп на 848 хектари државно земјоделско земјиште. Во 2012 година истата фирма го отстапува својот удел на странска компанија под услов сите долгови претходниот корисник да ги исчисти.
Но веднаш по превземањето до странскиот инвеститор од банките пристигнала информација дека сметката е блокирана поради долгови од 200 милиони денари. Но злоупотребите на сопругата на градоначалникот на Демир Капија не застанале тука.
Постои уште еден доказ за злоупотреби информира дополнителниот министер Николовски каде што Димитриева потпишала барање за исплата на субвенции и за наредната 2014 година иако и во тој период не е регистрирана како корисник на земјоделско земјиште.
Ова е уште еден доказ смета Николовски како локалните моќници го распределуваат земјоделското земјиште и во чии џебови одат парите за субвенции.
Извор: Телма