Едмонд Темелко не го познава Мунир Пепиќ
Објавено на 9 март, 2016 во 15:34
“Не го познавам Мунир Пепиќ. Никогаш не сум се сретнал со него. Можеби тој доаѓал во Пустец, но со мене немал контакт. За него дознав од пишувањето на некои медиуми”-изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, на прашањето дали се познава со Пепиќ и каква била неговата евентуална улога во обезбедувањето лични карти за жителите на албанската општина со мнозинско македонско население непосредно пред последните локални избори-информира Телма.
Пепиќ е вработен во полициската станица Беко. Тој е еден од осумтемина осомничени за повреда на избирачкото право, уништување изборен материјал и за злосторничко здружување во рамки на случајот Титаник.