Временска прогноза
Објавено на 10 март, 2016 во 07:00
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и источните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата до 11 степени.
Во петок ќе има извесно стабилизирање на времето, а од сабота повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат обилни.