На коловозите има остатоци од кашест снег
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево.
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на Страцин.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.