Дали партиски мрак ја засени науката?
Академик д-р Љупчо Коцарев, кој го предводи Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии, кој е еден од осумте институти во МАНУ, од чија страна беше објавен бројчаникот што го мереше нивото на јавниот долг од секунда во секунда вели дека не бил информиран за постаувањето на платформата. Дел од академиците пак сметат дека МАНУ несмее да биде на удар од политички влијанија. Ова се реакциите откако бројчаникот беше објавен и по неполни 24 часа повлечен, а интерент страницата блокирана.
Академик Коцарев за 24 Вести вели: Во истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии се работи на платформа која ќе нуди визуелизација на економските индикатори кои се јавно достапни, а планираме да биде завршена до крај на април 2016. Апликацијата која всушност е многу мал дел од платформата, беше повлечена затоа што е се уште незавршена и не е наменета за јавноста. Платформата е се уште во изработка, а таа беше поставена краток период само за нејзнино тестирање, па затоа јас не бев информиран за тоа, а со тоа и МАНУ.
Вчера во партиска реакција владеачката ВМРО ДПМНЕ упати дисквалификации до првиот човек на академијата Таки Фити, а МАНУ ја повика да се огради од неговите изјави, во спротивно ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија.
Академик Абдулменаф Беџети оценува дека академијата треба да е отворена и да анализира доколку постојат аргументи за напад, но дневно политичките напади се показател дека и малку бројните независни институиции сакаат да ги земат под контрола.
Доколку има факти, односно аргументи за напд врз МАНУ, МАНУ треба да биде отворена и да ги прифати истите и да ги согледува дополнително. Но во секој случај, било какви други напади од типот на дневно политички напади се на некој начин уште еден показател дека и тие најмалку независни условно кажано институции кои останале од државата од дневните политички структури сакаат да ги земаат под мишка да ги стават во дневно политичко влијание тоа е катастрофален индикатор за самата власт, а не за МАНУ, изјави академик Абдулменаф Беџети.
Претседтелот на МАНУ академик Таки Фити, по објавувањето на бројчаникот изјави дека податоците се реални и не се манипулативни.
Веднаш по изјавата и реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, МАНУ излезе со соопштение потпишано од секретаријатот на академијата оградувајки се дека бројчаникот не изразува официјален став на МАНУ.
Бројчаникот е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот. Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ, соопштија од МАНУ.
Бројчникот во релно време го мереше нивото на јавниот долг, кој од секунда во секунда растеше. Според овој инструмент, јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра или 49,2 % од БДП. Ова ниво е за 2,7 % повисоко од мерењата на министерството за финасии.
Извор: 24 Вести