ДИК не го усвои извештајот со резултатите од вкрстената проверка на избирачкиот список
Објавено на 17 март, 2016 во 09:24
Државната изборна комисија на вчерашната седница не го изгласа извештајот со резултатите од вкрстената проверка.
Седницата ќе продолжи денеска, но не се знае зошто извештајот не е усвоен. Се работи за податоци од вкрстена проверка со податоците од базите на МВР со оние на 10 други институции.
Од извештајот од вкрстената проверка зависи и кога ќе започне теренската проверка на податоците, при што ќе се проверуваат и неправилностите кои граѓаните ги пријавуваа по електронски пат во ДИК.
Се претпоставува дека во избирачкиот список има од 100.000 до 500.000 спорни гласачи.