Денеска топло, од среда дожд!
Објавено на 22 март, 2016 во 06:52
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Ќе дува умерен јужен ветер, кој на места ќе се засилува. Teмпература до 22 степени.
Во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.
И во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.