На Ахмети му пукна филмот: Аудиоснимки од нивни функционери да се тргнат од интернет инаку следуваат кривични
Институциите да реагираат и веднаш да се повлечат сите приватни разговори од незаконски прислушуваните материјали објавени на каналот „Јутјуб“ и од социјалните мрежи.
Ова го побара лидерот на ДУИ Али Ахмети кој меѓу останатото побара да се казнат и лицата кои стојат зад емитување на тие снимки во јавноста, пренесе Дневник.
Во спротивно, доколку институциите останат глуви на овие барања, ДУИ најави кривични пријави и земање на правдата во свои раце.
„Да не се доведеме во ситуација на самоволие и правдата да ја земеме во свои раце бидејќи тогаш само Господ знае како ова може да заврши, предупредија од партијата на Али Ахмети“.
Имено, во јавноста беа пуштени разговори меѓу у вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети.
Мета на незаконските прислушувани снимки се најде и самиот Ахмети и екс министерот за правда, Блерим Беџети, во врска со екстрадицијата на поранешен припадник на УЧK од Kосово.
Извор: Фактор