Мртов фетус пронајден на Табановце
Објавено на 30 март, 2016 во 15:28
Мртов фетус фрлен во корпа е пронајден вчера во 12.45 во тоалетот на граничниот премин Табановце, пишува Плусинфо.
Порталот пишува дека фетусот го нашла чистачката кога го чистела тоалетот. Според неофицијалните информации мртвиот плод се поврзува со една од студентките што вчера оделе на апсолвентска ескурзија, бидејќи како што велат вработени на граничниот премин се пожалила дека и е лошо, отишла во тоалет, но потоа го продолжила патувањето.
Од МВР потврдуваат дека мртов фетус е пронајден во тоалет на Табановце и велат дека го пратиле на обдукција. Повеќе информации за случајот засега не соопштуваат бидејќи се уште се ислитуваат сите околности поврзани со настанот.
Извор: Плусинфо