Адвокатите на Грујовски го обжалија притворот
Објавено на 31 март, 2016 во 11:21
Двајцата адвокати на Горан Грујоски, првоосомничениот во случајот „Тврдина“ денеска до скопска единица поднеле жалба на синоќешната одлука на судијата во претходна постапка кој на Грујоски му одреди 30 дена притвор.
Грујоски е осомничен од Специјалното јавно обвинителство за три кривични дела. До апсењето тој беше шеф на Петтата управа на УБК, задолжена за следење на комуникациите.
Во следните 48 часа, до судот треба да пристигне и одлуката на СЈО по однос на жалбата на адвокатите на Грујоски. Потоа, Кривичниот совет на судот ќе треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на адвокатите или не.
Грујоски, заедно со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се сомничат за уништување на опремата за прислушкување на МВР.