Благајник на старски дом и вработен во Пошта краделе од старци
Објавено на 31 март, 2016 во 11:27
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Скопје благајник во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ и М.Ј.(41) од Куманово службено лице во АД „Македонски пошти“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
В.Г. неовластено пополнила и заверила со службен печат налози за исплата со генералии на три лица сместени во домот и од нивните трансакциони сметки од „Еуростандард Банка“ Куманово подигнала парични средства во вкупен износ од 59.600 денари, а додека М.Ј. како шалтерски работник неовластено на 21.12.2015 година, извршила исплата на наведените парични средства.
Извор: Локално