Временска прогноза
Објавено на 5 април, 2016 во 06:55
Во следниот период и понатаму ќе се задржи релативно топло време за овој период од годината. Ќе продолжи да дува јужен ветер, кој во четврток и петок повремено ќе биде и засилен.
Зголемено наоблачување со постепен пад на дневната температура ќе настапи од петок, кога ќе има услови за краткотраен дожд, а во сабота врнежи се очекуваат на повеќе места.
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.