Падна втор притвор во „Транспортер“
Објавено на 21 април, 2016 во 07:27
Битолчанката Ј.Ј., сопственичка на транспортна фирма, осомничена во аферата „Транспортер“ од вчера е во куќен притвор. Судијата во претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 сметал дека таа ќе може да избега, да влијае на сведоци или пак да ја попречи истрагата.
Таа е втора осомничена во оваа афера која доби притвор, од вкупно осум досега испрашани во судот од вкупно 22 осомничени.
Тројцата кои покрај Ј.Ј. вчера беа испрашувани во судот, мораа да ги остават пасошите како гаранција дека нема да ја напуштат земјава.
Извор: Плусинфо.мк