Двојно убиство и самоубиство во Волково: Трагичен крај на љубовна драма?
Објавено на 21 април, 2016 во 08:33
Двојно убиство и самоубиство вчеравечер во скопското село Волково.
Четириесет и петгодишен маж вработен како магационер во МВР со пиштол убил две жени, кои биле негови соседки. Се работи за мајка и ќерка на возраст од 60 и 80 години. По убиството, тој заминал дома и се самоубил.
Според Министерството, настанот во полиција е пријавен околу 19.40 часот. Дел од домашните медиуми, јавуваат за две неофицијални верзии за убиството и самоубиството. Имено според едната, магационерот всушност ги убил својата љубовница и нејзината мајка, а според другата верзија, застрелана била мајката на неговата љубовница и нејзината баба.
Извор: Радио Канал 77