Новинарот Божиновски екстрадиран во Македонија
Објавено на 22 април, 2016 во 08:40
Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката – ни рекоа од МВР.
Неофицијално, Божиновски бил префрлен во Истражниот затвор Скопје, во населбата Шуто Оризари, а понатамошната постапка против него е во надлежност и ќе ја спроведува Министерството за правда.
Извор: sdk.mk