Временска прогноза
Објавено на 3 мај, 2016 во 07:08
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. УВ= 4 . температура до 14 степени.
Потоа во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет и со услови за ретка појава на грмежи.
До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.