Повторно одложено судењето на двајцата демонстранти
И денеска се одложи судењето за Никола Аризанов и Филип Наковски, кои се под обвинение дека учестувале во толпа која ќе стори кривично дело, јави Телма.
Причината поради која е одложено е прекусото време да се процени кој демонстрант колкава штета направил при демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Вчера судијката му даде 24 часа на обвинителството да ја процени поединечната штета, но ова било прекус период за проценка па обвинителството побара дополнителен рок.
Инаку демонстрантите се товарат дека ноќта на 13 април во протестите против аболицијата, ја искршиле канцеларијата па за инвентарот и прозороците, државното правобранителство бара оштета од 880 илјади денари или помалку од 15 илјади евра.
Токму ова сума ја оспори и одбраната, но и судијката, која го одложи судењето и побара од обивнителството да каже точна сума поединечно за секој обвинет.. На следното рочиште се очекува аризанов и наковски да го прифатат делото и да се спогодат со обвинителството за казната.. Ако го сторат ова им се заканува три годишна условна затворсдка казна, ако не ќе следува судење.
Законот за учество во толпа што ќе стори кривично дело предвидува максимална затворска казна до 3 години.
За сега тие се во домашен притвор исто како и двајца членови на новорофмираната партија Левица Здравко Савевски и Владимир Куновски, а од таму информираат дека уште двајца нивни членови се повикани на информативен разговор. Сите поради протестите против помилувањата.
Извор: Tелма